На улицата Христо Татарчев вчера попладне автомобил „форд фокус“ од Скопје удри во дете пешак на возраст од осум години. Од незгодата со повреди се здобило детето кое со друго возило било пренесено во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде од страна на лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.