Во изминатите три дена Инспекцискиот совет на терен утврдил дека во најголем процент се почитуваат мерките и препораките на Владата за заштита од коранавирусот, рече претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска.

„Од 16 до 18 март во 79 надзори констатирано е дека јавните превозници одржуваат високо ниво на хигиена. При проверките за влез додека работеше скопскиот аеродром и на отворените гранични премини утврдено е дека сите патници пополнуваат изјава за самоизолација и здравствените инспекции им издаваат наредби. Во текот на спроведувањето на надзорите беше забележано дека некои од обврската на деловните субјекти што работат со транспорт и храна не ги почитуваат препораките вработените да носат заштитни маски, но од денеска се вклучени инспекторите на Агенцијата за храна и ветерина и тие ќе ги санкционираат овие појави“, рече таа на денешната прес-конференција.

Што се однесува до цените на лековите и зголемената цена на заштитните маски, Инспецискиот совет предлага Владата да ја утврди цената и да нема отстапка од неа.

„Агенцијата за лекови МАЛМЕД изврши 18 инспекциси надзори и зголемени цени на лекови се утврдени само таму каде што е зголемена набавната цена. Сепак, што се однесува до цената на заштитните маски и на средствата за дезинфекција, Владата да утврди цена која не смее да се надмине за маски и дезинфекциски средстви, за контрола на оваа неправилност МАЛМЕД ги споделува информациите со Инспекторатот“, рече Филиповска-Грашкоска.