Минатата работна недела, во периодот од 03.09.2018 до 06.09.2018, во рамките на проектот на ЕУ за техничка помош и размена на информации за имплементација и извршување на политиките, законите и стандардите на ЕУ- TAIEX, претставници на Агенцијата за администрација беа во студиска посета на Министерството за управа на Р. Хрватска.

Студиската посета започна со прием од страна на државниот секретар г-ѓа Катица Прпиќ која најпрво одржа поздравен говор за директорот на Агенцијата за администрација, Спасе Глигоров кој го предводеше тимот од Македонија, а потоа Прпиќ и ги запозна гостите од Македонија со проектите и работата на Министерството за управа на Р. Хрватска.

Главна тема на студиската посета беше постапката за вработување во јавните институции преку разгледување на законските услови, административните процедури и најдобрите пракси во Р. Хрватска и Р. Македонија, при што беа одржани работни состаноци со претставници од Министерството за управа и Министерството за финансии на Р. Хрватска, Хрватскиот завод за вработување и Градот Загреб.