Адвокатот Еленко Миланов доби парична казна поради тоа што не се појави на судењето „Титаник 3“. Судијката Оља Ристова го казни Миланов да плати 1 000 евра и го одложи рочиштето.

Адвокатот Миланов го застапува обвинетиот Исмет Гури во случајот „Титаник 3″.

Поради отсуството на Миланов рочиштето е повторно одложено. Еленко Миланов не се појави во судот затоа што имал рочиште по друг предмет во Тетово.

Овој случај на СЈО се однесува на уништување на изборен материјал, а обвинети се Ејуп Алими, координаторот на пратеничката група на ДУИ, и Исмет Гури, член на oпштинската изборна комисија за општина Чаир.