Италијанскиот кошаркар Алесандро Џентиле доживеал страшна несреќа на летниот одмор во Шпанија. Тој паднал од тераса висока четири метри и се здобил со сериозни повреди и скршеници. Џентиле паднал од терасата на изнајмената вила на островот Форментера која комплетно се урнала.

Италијанските медиуми информираат дека Џентиле се здобил со неколку скршеници и веднаш е пренесен во локална болница. Тој дополнително ќе биде транспортиран во Неапол каде ќе биде опериран.

На Џентиле сигурно му претстои подолга пауза од кошаркарските терени. Тој минатата сезона играше за Варезе, а во новата треба да биде член на Бриндизи во италијанскиот шампионат.