Како што се вели во соопштението, Апелациониот суд во Скопје го потврдил планот за реорганизација на Друштвото за производство на електрична и топлинска енегија ТЕ-ТО АД Скопје со што компанијата продолжува со нормалните планирани работни активности.

,,Согласно оваа одлука, ТЕ-ТО АД Скопје ќе продолжи да испорачува топлинска и електрична енергија и со сите други редовни активности, а сите вработени во компанијата ќе останат во редовен работен однос и редовни примања согласно законот.ТЕ-ТО АД Скопје е една од најголемите гринфилд инвестиции во Македонија и работи согласно со највисоките стандарди во енергетиката и екологијата”, се додава во соопштението.