Бесими: Повисоки инвестиции во човечкиот капитал за забрзување на економскиот раст

3

Човечкиот капитал е во директна корелација со економскиот раст, односно преку раст на знаењата и вештините на граѓаните може да се делува кон забрзување на растот. Оттаму, еден од приоритетите во плановите и проекциите за заздравување и забрзан раст се инвестициите во човечкиот капитал, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на вебинарот организиран од Економскиот факултет на тема „Предизвици за високото образование од областа на економијата во периодот на пост-Ковид-19“.

Министерот посочи дека еден од столбовите на Стратегијата за заздравување и забрзување на економскиот раст е вложувањето во човечкиот капитал, односно развој на човечките ресурси (образование, наука и здравство), поголема активност на работоспособното население и социјална заштита, во чии рамки се предвидени различни мерки и активности. Тој истакна дека изминатите неколку години се настојува да се издвојуваат повеќе средства во буџетот за областите образование, здравство и социјална заштита, што резултирало нивно повеќекратно зголемување.

Согласно индексот на човечки капитал на Светска банка, кој ја мери потенцијалната продуктивност на граѓаните, откако ќе наполнат 18 години, според нивото на инвестиции во нив во образование, здравство и социјална заштита. Во периодот од 2010 до 2020 година, индексот на човечки капитал за Република Северена Македонија се движел помеѓу 0,54 или 0,56, што значи дека децата кои ќе се родат сега, согласно инвестициите во нив за образование, здравство и социјална заштита, кога ќе наполнат 18 години ќе користат околу 50% од својот потенцијал. Инаку, кај најразвиените економии во светот индексот на човечки капитал изнесува над 0,8, кај земјите од Европската унија околу 0,75, додека кај земјите во регионот потенцијалната продуктивност во просек е 0,65.