По започнување на градежните активности на улицата „9-ти Мај“, се утврдија одредени недостатоци произлезени од последната реконструкција, изведена во 2009-та година.
Според проектот за реконструкција изготвен во 2007-ма, дебелината на слојот требала да биде 9 см, додека на терен фактичката состојба укажува на трикратно намалување, односно изведена е со дебелина на асфалт од само 3 см.
Недомаќинското и неодговорно работење во Центар е одамна минато и сакам да информирам дека општината за пропустите во овој случај ќе отвори постапка за вештачење.