Богоев: Градот Скопје започнува со постапката за изведба на клучката кај Момин Поток во општина Карпош

6

Градот Скопје започнува со постапката за изведба на клучката кај Момин Поток во општина Карпош. Со изградбата на кружниот тек меѓу булеварот „8 Септември“ и улицата „Скупи“ и тоа како ќе се придонесе за намалување на сообраќајниот метеж на овој потег, изјави градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

 Жителите на Криви Дол со години го очекуваат решавањето на овој проблем, но и сите други граѓани кои минуваат тука.
Овој проект придонесува и за поврзување на урбаното јадро со периферните делови. Проектот се очекува да заврши за 2 – 2,5 години и е во вредност од околу 18 милиони евра – инвестиција на Град Скопје.