Бранко “тресел” дотресол!

646

Изминативе неколку денови се поактуелни се објавите за 45 тото враќање на Бранко Црвенковски во СДСМ, апропо на тоа на политичка сцена.

Извесен Томе Милошевски на некој од медиумите имаше објавено колумна со наслов ” Тересе” Бранко, а? Допрва ќе видите!

Епа вака Томе, Бранко тресел, дотресе… Можеби и тој сам незнае дека ќе тресе, ама вас ви одговараат тектонски поместувања, за да се најдете тука некаде да потполните некоја празнина што сами ја правите…

Зоран Јовановски остварувал средби со незадоволни членови на СДСМ?!

КОЈ ЈОВАНОВСКИ, ТОЈ ШТО ЗАЕВ ГО СМАЧКА КАКО ШЛЕПЕР ЖАБА НА КОНГРЕСОТ ВО 2013?

Можеби на некој од тоа “тело” омилена реплика е  “Ал би бек” од Терминатор филмот, ама другари, да не заборавиме дека тоа е само филм, има свој режисер, има свои глумци, главни улоги статисти, а Вие сте овие последно споменативе. Статистите.

Зошто самиот Бранко не се произнесе по било кој проблем, или решение во изминатиот период?

Му најдувате замерка на Заев?

Да, сигурно. Замерката е зошто Бранко немаше муда да го направи ова што го направи Заев!

Одговорот знаете каде е?

Кај девојката од Интермецо, сите одговори на поставените прашања ги има таа, а знаете зошто?

За Орце бе другари, за тоа златно дете криминално, за тоа мило ангелче кое му се налути на Саше заради Ана, инаку уште дилот ќе траеше, уште песната ќе се пееше…

Така да седете, имавте шанса да покажете што умеете ама немавте “муда” да покажете, се некого амнестиравте, се нечија жена ве беше шармирала, се за некого ви беше жал.

А овој што сакате да го сменете, му го покажа патот и на Сашо и на Орце, а ќе му го покаже и на останатите…

На крај и не е така лош претседател на партијата Бранко…

“ИЛИ СИ СДСМ ИЛИ НЕ СИ”, имате избор!

А да, ќе заборавев, Бранко добро тресеше и на слава во Слатино, ако мислевте на тоа, немам ништо против!

 

Пишува:Виктор Азманоски