Една нормална држава како Бугарија би требала да знае дека граѓани од земји што уште не се членки на ЕУ си купуваат пасоши од земји членки на ЕУ за по 3000 до 5000 илјади евра и притоа ако треба ќе изјават и дека се Марсовци, ако е тоа услов за добивање пасош со кој се обезбедува работа во земји членки на ЕУ.

Но тие Марсовци кога се вон доменот на уцената на тие што им продават бугарски пасоши веќе немаат потреба ниту да се преправаат ниту да лажат па ниту да се попишуваат и изјаснуваат.
И тоа,политичари од нормална држава членка на ЕУ треба да го знаат и да им е јасно.

Но, иако им е јасно, тие наместо да признаат дека нивната продажба на пасоши што ја користат за докажување на бугарските национални корени на населението од Македонија е бесмислен и неуспешен проект од кој се богатеа само Каракачановци, сега измислуваат дека ” ги снемало Бугарите од пописот во Македонија” заради политички притисок при изјаснувањето.
И тоа е таа нивна опседнатост со лагата за многубројните Бугари во Македонија.

Тие веруваат во таа лага, политички ја инструментализираат и државата која не сака да им ја прифати ја сметаат за “ненормална”.

А кога едно политичко лудило или слепило ќе стане критериум за нормалност на здравите тогаш многу лекарства се беспомошни.

 

Пишува: Ѓорѓи Спасов