Версај, еден од најпосетуваните замоци во светот, се отвора денес по повеќе од 82 дена карантин, кој нанесе огромна економска штета на ова култно место во Франција, особено поради отсуството на американските и азиските туристи кои сочинуваат 30 проценти од посетителите.
Имено, пред воведувањето мерки за изолација, Версај заработи 87% од своите средства преку самофинансирање, од кои дури 70 проценти биле приходи од билети.
Од осум милиони посетители годишно, 80 проценти доаѓаат од странство, така што моделот за економско финансирање се распадна целосно за време на мерките за карантин.
„Министерството за култура е свесно дека Версај, како и Лувр, треба да бидат поддржани од државата затоа што во одржувањето на палатата се вклучени 68 различни компании, вклучително и оние кои се занимаваат со специјализирани занаети, како што се мали свилени компании од Лион“, објаснила директорката, Кетрин Пегард.
Таа кажа дека на секој час градините, огромниот парк и замоците на Трианон и Марли ќе можат да ги посетуваат 500 посетители, што значи дека ќе има вкупно 4.500 на ден.
Резервацијата на билетите и носењето маска е задолжително за сите посетители на возраст над 11 години. Секој ќе мора да оди наоколу замокот во една насока за да се избегне разминување.
Дваесет години по невремето што го опустоши прекрасниот парк на замокот Версај, оваа година акцентот е ставен токму на неговото обновување.