Вознемирувачко видео се појави на социјалните медиуми, на кое се гледа како момчиња брутално напаѓаат и тепаат девојка која ја обвинуваат дека излажала дека е бремена. На видеото се слушаат силни удари, а жрвтата со лелеци ги моли напаѓачите да престанат.
Според личноста која го споделила видеото во група на фејсбук, станува збор за две момчиња од Штип, а воедно го открива и нивниот идентет. Според објавата, момчињата го споделиле видеото на социјалните медиуми.
Заменичката на министерот за внатрешни работи, Славјанка Петровска на својот ФБ профил објави дека Бирото за јавна безбедност постапува за видеото. Видео материјалот содржи очигледни елементи на насилство. Лицата се идентификувани. Постапува и центарот за социјални работи. Петровска најави најстроги санкции за сторителите.