Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев постигна убав гол за Џенова синоќа на дуелот со Верона.

Пандев иако во игра влезе во 81. минута доволно му беа десетина минути да го совлада гостинскиот голман.

Македонскиот фудбалер од околу дваесетина метри на мајсторски начин го лобуваше противничкиот голман за конечни 3:1.

Џенова со 41 бод се наоѓа на средината на табелата во Серија А.