Опозициска мобилизација во Унгарија. Опозиционерите се погласни во своите барања, премиерот Виктор Орбан да објасно зошто засолнува криминалци од други држави. Бурната собраниска расправа се преслика и на ѕидовите на парламентот кога беше истакнат плакат со ликот на Груевски на кој пишува ВИП мигрант на Орбан.

Вака унгарската опозиција го нарече Груевски во интервју за 1ТВ, а денеска Демократската коалиција не информираше дека поставиле вакви плакати на Парламентот. Претставникот на Демократската коалиција на расправата истакна дека е време Орбан да каже зошто води ВИП мигрантска политика и дека Орбан со ваквите постапки криумчари луѓе.

„Уште колку осуденици сакаат да ги пренесат своите криминални домови во Унгарија“ – праша претставникот на Демократската коалиција, кој не информираше за денешната атмосфера во парламентот.

Миграцијата и азилантската политика на Орбан ја сплоти унгарската опозиција денеска да преземе конкретни институцинални дејствија, но и герила акција. Државниот секретар во кабинетот на премиерот Виктор Орбан, Балаш Орбан денеска одговараше на новинарски прашања. Тој беше прашан зошто Груевски добива специјален третман и дали тој е дете без придружба од родители, бремена жена, лице со посебни потребни или телесен инвалидитет.

Опозициската партија ЛМП, утринава побара формирање анкетна комисија за да се утврди евентуалната вмешаност на унгарските власти во бегството на осудениот Груевски.

Пратеник од втората најголема партија во унгарскиот парламент, рече дека станува збор за „многу лошо сценарио од шпионски филм“ и дека „ќе беше смешно да не беше вмешана унгарската влада“.

Постапката за азил на бегалецот Груевски се уште е во тек.

 

Извор: 1Тв