Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со почести сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено на север и на запад.

Во Скопје променливо облачно претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне и со услови за појава на нестабилност со повремено пороен дожд и грмежи. Температурата од 14 до 27 степени.

До четврток ќе се задржи променливо облачно време, претежно во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. В среда и в четврток се очекуваат поинтензивни процеси, особено во западните и северните делови. В петок и в сабота ќе има појава на повремен локален дожд.