Во однос на обвинувањата на ДОМ, дозволете да Ве информираме дека во 2020 година не е издадено Одобрение за градење на објект за кој, како што се тврди во реакцијата на ДОМ, во 2016 година било донесено правосилно и конечно Решение за отстранување на објект.

Општина Гази Баба е отворена општина и секој граѓанин има право и можност непосредно да разговара со градоначалникот на општината за секое прашање. Конкретно за ваков проблем, посочен од група граѓани, градоначалникот на општина Гази Баба оствари средба со граѓаните кои се засегнати со овој проблем и ги извести дека за нивниот проблем постои пресуда на Управен суд, дека не постои правосилно, конечно и извршно решение за рушење на објект и дека за издаденото одобрение за градење се известени сите засегнати страни, во согласност со Законот за градење, кои во законски предвидените рокови немаат изјавено никаков приговор на истото.

Оттука, во целост ги отфрламе обвинувањата на ДОМ како неосновано и паушални.

Што се однесува до прашањето дали општината има градежен инспектор, Ве известуваме дека во општината работи овластен градежен инспектор. Поради исполнување на услови за пензионирање општината започна процес за преземање на градежен инспектор од друга единица на локална самоуправа, поради фактот што Советот на општината нема донесен Годишен план за вработување. Постапката е во тек, но поради изборите и сегашната состојба на епидемија истата беше стаена во мирување.