Претседателката на ОО на СДСМ Карпош и кандидатка за пратеничка Марија Георгиевска, денес во Детската болница Козле донираше заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција.

Ова општество е градено со солидарност. Да бидеме солидарни кон сите здравствени работници и со свој придонес да инвестираме за што е можно побрз крај на здравствената криза со која се соочуваме.Јавното здравје е одговорност на сите нас- изјави Георгиевска.

Директорот Андоновски изрази благодарност до Претседателката на ОО СДСМ Карпош Мери Георгиевска, и ги повика и останатите граѓани и партии да го следат примерот на кандидатката за пратеник Мери Георгиевска.