ПСЖ немаше никакви проблеми во освојувањето на овосезонската Куп титула во Франција и со 2-0 го совлада третолигашот Лез Ербие, а погодоците ги постигна Ло Келсо и Кавани.

Нисколигашот беше сензација сезонава во Франција откако стигна до големото финале, доби големи пофалби од тамошните фудбалски фанови, но и од ширум светот за тоа што го постигнаа, а синоќа по крајот на средбата во Париз за време на церемонијата на доделувањето на победничкиот пехар имаше и еден прекрасен гест.

Тијаго Силва, капитенот на победничкиот табор направи преубав потег откако го повика капитенот на Лез Ербие, Себастијан Флохон, заедно да го кренат пехарот.