
Општина Бутел во соработка со Невладината Организација Извор продолжи со делење на хуманитарни пакети со основни намирници за сите лица кои се најпогодени од кризата настаната од корона вирусот.
Минатата недела по повод Велигденските празници и во пресрет на Рамазанските пости Градоначалникот Велимир Смилевски заедно со волонтери од НВО Извор поделија 200 пакети на три пункта : Визбегово, Бутел 2 ул. Рокомија и Бутел 1 на ул. Боца Иванова.

Акцијата за делење на пакети со храна за овааа ранлива категорија Општина Бутел ќе ја продолжи и во наредниот период додека трае кризата со пандемијата зафатена од коронавирусот.