Ве известуваме дека денес Македонскот полициски синдикат писмено се обрати до Министерство за внатрешни работи со

Министерот Г-дин Наќе Чулев со Барање -Ургенција кое Ви го пренесуваме во целост:

Почитуван министер,
од страна на Македонскиот полициски синдикат на ден 22.03.2020 година до Владата на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи беше доставено барање за донесување на Уредба со законска сила за измена на Законот за Внатрешни работи во делот на намалување на приправничкиот стаж за полицајците- приправници од 6 месеци на 5 месеци и намалување на приправничкиот стаж на приправниците во МВР со високо образование од 9 месеци на 5 месеци, добивање на овластувања без полагање на приправнички испит и рапоредување на сите по место на живеење.

Се тоа тоа од наша страна беше побарано поради сериозноста на состојбара во која се наоѓаше нашата држава со Covid 19 и недостатокот на вработени во министерството за справување со истата.

Од страна на Владата на Република Северна Македонија на ден 25.03.2020 година се донесе Уредба со која приправничкиот стаж за полицајците- приправници се намалува од 6 месеци на 5 месеци, добивање на овластувања без полагање на приправнички испит и приправничкиот стаж на приправниците во МВР со високо образование се намалува од 9 месеци на 5 месеци.

До ден денес, Уредбата на Владата од 25.03.2020 година не е спроведена од страна на Министерството за внатрешни работи, од за нас непознати причини.

Од тие причини, од Вас како Министер за внатрешни работи, бараме ПОД ИТНО да се спроведе Уредбата на Владата од 25.03.2020 година, односно:
1. Да се издадат решенија за работа на неопределено време на сите приправници-полицајци од класа 2018/2019 година;
2. Да се издадат решенија за работа на неопределено време на сите приправници со високо образование и
3. Да се распоредат на работа сите приправници според адреса и место на живеење на барање на полицаецот приправник.