Демократските претставници во четвртокот изјавиле дека не чуле ништо во класифицираните брифинзи на ФБИ и претставниците на разузнавачките служби, што би ги поддржало наводите и обвинувањата на американските претседател Доналд Трамп дека агенцијата поставила “шпион“ во неговата претседателска кампања во 2016 година, пренесува “Ројтерс“.

Директорите на ФБИ и Националното разузнавање, Кристофер Вреј и Ден Коутс, како и заменикот главен државен обвинител Род Розенштајн, одржаа два невообичаени класифицирани брифинзи за претставниците на двете партии, на кои се дискустираше околу наводите на американскиот претседател.

“Ништо што слушнавме денес не ги промени нашите гледишта дека не постојат докази кои ќе поддржат било кое обвинување дека ФБИ или некоја друга разузнавачка агенција поставила шпион во кампањата на Трамп или пак не успејала да ги почитува соодветните процедури и протоколи“, рекол Адам Шиф, топ демократот во Комисијата за разузнавање при Претставничкиот дом.