Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар, го очекува голема борба за нов пласман во финалето. Рускиот состав на Ростов Дон иако дебитант на завршниот турнир, е екипа со многу искусни ракометарки: Маиса Песоа и Сираба Дембеле (екс ракометарки на Вардар), Катарина Булатовиќ (од активните ракометарки со 4 титули европски првак), Ана Виахриева (МВП на ОИ во Рио), Јулија Манагарова (најдобро десно крило сезонава).

За ривалот тренерот Ирина Дибирова, напомена:
– Направена е потребната анализа за играта на противникот, ние сме подготвени и сите се здрави, иако имаме и ситни повреди. За мене Вардар е подобар на секоја позиција, ние сме подобри како екипа, но имаме моменти кога играме лошо и тоа треба да го поправиме.