По објавената наредба на порталот Нет прес во која се вели дека Директорот на Бирото за јавна безбедност во МВР, Сашо Тасевски, издал наредба до цела униформирана полиција за приведување во полициска станица на сите граѓани кои ќе го прекршат полицискиот  час, побаравме мислење од вработени во министерството.

” Наредбите во МВР се изготвуваат и издават по барање на техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев кој е и шеф на координативниот штаб во министерството. Хиерархиски директорот на БЈБ, има задолжение да ги изготвува и издава наредбите кон оние кои треба да ги спроведат, во случајот до униформираната полиција”.

Останува отворено прашањето како наредбата стигнала до порталот кој ја објави веста, и дали ќе понесе одговорност оној кој ја пратил наредбата.

Во текот на вчерашниот ден кружеше емаил со фалсификуван потпис на Државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска