Ова е нов вирус и не е многу познат, кој зема замав и предизвикува компликации кај заболените особено кај хронично болните. Корона вирусот се вика 2019- nCov или SARS-Co V-2, додека заболувањето кое го предизвикува истиот е наречено COVID-19.

Периодов се истражува и се бара решение за вирусот. За вирусот се знае дека доколку некој се зарази, може да направи тешки инпликации по здравјето а во краен случај може да заврши и со смрт.

Што најчесто се случува во телото при заразеност од корона вирусот? Во повеќе случаеви вирусот почнува и завршува во белите дробови бидејќи и самиот корона вирус претставува болест на дишните органи. Ваква зараза се пренесува најчесто при искашлување на заразени луѓе со вирусот. Симптомите во почетокот се слични како и при обична настинка, луѓето имаат грозници и кашлица. Симтомите може да се влошат и тогаш настанува воспаление на белите дробови. Според досегашните светски податоци, 80 % од заразените покажале благи симптоми, додека останатите случаи се тешко заболени и критични. Болеста настанува така што корона вирусот за кратко време ги напаѓа белите дробови. Слузта ги штити белите дробови од патогени и додека трепчестиот епите ги одстранува вирусите. Како и SARS, корона вирусот го напаѓа трепчестиот епител со тоа што вирусот навлегува во респираторниот тракт. Тогаш нашиот имунолошки систем се активира и препознава присуство на вирус. Настанува локализирано воспаление коешто може да стане генерализирано и да дојде до поагресивен одговор на организмот на вирусната инфекција, да нашиот имунолошки систем ги одбие да ги уништи сите вируси, вклучувајќи ги и здравите ткива. Кога ке влезе во последна фаза настанува разорување на белите дробови која може да доведе и до смртен исход. Доколку луѓето преживеат можни се и трајни оштетувања во организмот.

Желудник – ретки се луѓето кои се заразени со корона вирус кои имаат дијареа и болки во стомакот. Уште не постојат податоци за ова дали се гастроинтестиналните симптоми застапени во случај на оваа зараза. Ако се прашувате каква врска има болеста на дишните органи со желудникот и цревата, одговорот лежи во природата на секој вирус да се врзе за белковините кои човекот ги внесува во својот организам. Не се знае, може ли корона вирусот да го пробие и дебелото и тенкото црево и да предизвика дијареа. Спрема податоците на две студии, корона вирусот е пронајден во примероци од изметот на заразени луѓе, со тоа што се доведува во прашање дали е нужно да се извршат испитувања и на тој начин, за да се види дали може и така по тој пат да се пренесе вирусот.

Крвоток – покрај сите споменати симптоми на корона вирусот, во ретки случаи пациентите имаат претрпено срцев удар, како и акутно оштетување на бубрезите. Но Ангела Расмузен, вирусолог од Универзитетот Колумбија-Њујорк, смета дека она што настанува во крвотокот се нарекува ,,зголемено создавање на цитокини,,. Цитокини се белковини кој го предупредуваат имунолошкиот систем каде се јавила инфекцијата за да би се уништило заразеното ткиво и да се спаси остатокот од организмот. Проблемот е во тоа што корона врусот покрај заразените клетки ги напаѓа и здравите ткива. Затоа доаѓа до внатрешни крварења. Во некои од најтешките случаи, органите престануваат да работат. Научниците настојуваат да се открие во каква врска се хроничните болести, како срцеви проблеми или дијабетес, со компликациите кој ги прави вирусот.

Црн дроб- вирусот кој се пренесува од животни на човекот, што е случај со корона вирусот, често го напаѓаат и црниот дроб. Вирусот лесно стигнува до црниот дроб по пат на крвотокот. Црниот дроб произведува ензим кој ги убрзува хемиските процеси внатре во нашето тело. Кај здрав организам клетките на црниот дроб непрестано умираат и ослободуваат ензими во крвотокот. Проблемот настанува тогаш кога ензимите ке го преплават крвотокот. Научниците не се потполно сигурни како вируси на дишни органи го напаѓаат црниот дроб. Често се случувало да пациентите заболени од некоја системска инфекција, освен на црниот дроб да имаат проблеми и со белите дробови и бубрезите.

 

 

 

Најчесто докторите не советуваат да ги миеме често рацете со сапун. Зошто е тоа така? Корона вирусот се состои од три блокови: рибонуклеинска киселина, протеини, липиди. Најслабата карика на корона вирусот е липидниот масен двослој. Сапунот содржи супстанци познати како амфифили од кои некои по структурата се слични на липидите од мембраната на вирусот. Овие супстанци во сапунот ја раствораат масната мембрана на корона вирусот со што неговата структура се распаѓа и станува НЕАКТИВЕН.

Исто така, многу е битна самоизолацијата, зголемена свесност кај народот и без паника.

Драган Јованов – од моите досегашни сознанија и истражувања на македонската современа фитомедицина, лековити растенија кои се користат за зајакнување на имунолошкиот систем и при појава на вируси се:

Ехинацеа докажано е дека ехинацеата ефикасно делува при акутни инфекции на дишните патишта, вклучувајќи и грип, настинка, грозница, бронхитис, воспаление на белите дробови и др.

Ѓумбирот во прав помага за ублажување на стомачни мачнини, благодарение на етеричните масла кои се наоѓаат во неговиот состав. Маслата ги смируваат силните стомачни болки со брзо неутрализирање на желудочните киселини, истовремено ослободувајќи корисни ензими за нормална работа на дигестивниот систем. Делува одлично против воспалителни болести, односно ги ублажува болните симптоми на артритис, грип или полесна настинка. Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и го спречува згрутчувањето на крвта. Позитивно влијае и за опуштање на уморните мускули, после исцрпна физичка активност. Чајот од ѓумбир помага при лекување на болно грло, сува кашлица и ги ублажува симптомите на настинка. Содржи антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и го намалуваат ризикот од срцев удар.

Црниот ким делува на дишните органи, на урогенталниот систем и системот за варење. Го зајакнува имунитетот, се користи и при бронхитис и хронична кашлица. Црниот ким делува како природен антибиоти, со тоа што можат да го користат и деца и возрасни.

Див лук – сремуш е најдобар природен антибиотик. Се покажа дека неговите состојки се меѓу најдобрите за уништување на бактерии и вируси, за зајакнување на организмот и др.

Еукалиптус ова лековито растение е многу корисно во борба против вирусните инфекции. Се користи најчесто при инфекции на респираторниот систем.

Маслинка таа содржи еленолна киселина која спречува стварање на ензими потребни на вирусите за продирање во здравите келии на организмот. Маслинката е корисна во борба против вирусни инфекции.

Мачкини нокти (Uncaria tomentosa) ова лековито растение има способност да ги уништува вирусите и ги ублажува симптомите. Ова лековиот растение потикнува стварање на лимфоцити, како и јакнење на нивните активности.

Жалфија науката докажа дека жалфијата има антибактериско и антигабично дејство, смирува, освежува и ве закрепнува, помага во борбата против болки и високата температура, може да го намали нивото на глукоза во крвта, што ја чини корисна и за дијабетичарите. Праксата докажала дека одлично ја прочистува крвта и еднакво добро помага при исфрлањето на секрет од организмот. Поволно делува и на циркулацијата, против крварење и воспаленија. Поради силното антисептично дејство, се користи и во лекувањето на афти, непријатниот мирис, проблеми со грлото и крајниците, кариес и проблеми со непцата.

Жалфијата делува против зачестените повраќања и проливот, а подобро од било која друга билка помага во работата на цревата и желудникот. Жалфијата помага и кај работата на бубрезите и спречува појава на едем.

Оригано – маслото од оригано одлично делува против многу видови бактерии, вируси и габички кои го менуваат обликот и го отежнуваат лекувањето. Агресивните антигабични својства во маслото од оригано спречуваат тврдокорни инфекции како кандида, габички на ноктите и темето. При кандида маслото се пие, а кај габички на ноктите се нанесува локално. При појава на габички на кожата на главата се препорачува да се нанесат неколку капки масло при шампонирањето.

Босилок – босилекот се користат при лечење на многу болести, како на пример дијабет, болести на дишните патишта, импотенција, алергии и неплодност. Тоа се должи на специфичната киселина во него која ја подобрува циркулацијата, го стабилизира нивото на шеќер во крвта и го олеснува дишењето. Исто така, се користи при воспаленија на желудникот, цревата, кашлица, уринарни инфекции и друго. Најчесто се применува во форма на чај. Други лековити својства кои ги има босилекот се: Антибактериско делување, Антиоксидативно делување, зајакнување на имунолошкиот систем, Го штити срцето и крвните садови, Помага во борба против инфекции, Етеричното масло од босилек се користи за инхалации, при настинки, грип, вирус, синузитис, главоболки, депресија и анксиозност и др.

Рузмарин- рузмаринот го стимулира имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и ја подобрува дигестијата на храната. Лисјата од рузмарин содржат одредени фито-хемикалии кои имаат значајна улога во спречувањето на развојот на болестите и одржувањето на доброто здравје. Свежите листови од рузмарин се добар извор на антиоксидантскиот витамин, витамин Ц. Овој витамин е потребен за синтезата на колаген во организмот. Колагенот е главниот структурен протеин кој е неопходен во телото за одржување на интегритетот на крвните садови, кожата, органите и коските. Редовното конзумирање храна богата со витамин Ц му помага на телото во заштитата од скорбут, создава отпорност на воспалителните агенси (го засилува имунитетот) и помага во собирањето на штетните, воспалителни слободни радикали од телото.

Рузмаринот содржи многу добра количина витамин А. Витаминот А има антиоксидантски својства и е клучен за добриот вид. Исто така е неопходен за одржувањето на здравјето на слузокожата и кожата. Конзумирањето храна богата со витамин А го заштитува организмот од рак на белите дробови и усната празнина. Деловите од растението, особено цветовите, содржат фенолна антиоксидантска рузмаринска киселина, како и бројни есенцијални масла кои го одржуваат здравјето, како што се: цинеол, камфен, борнеол, борнил ацетат, алфа-пинен, итн. Овие соединенија имаат потврден ефект на смирување на иритации, како и антивоспалителни, антиалергиски, антигабични и антисептични својства. Рузмаринот е одличен извор на железо. Железото, со оглед на тоа што е клучна компонента од хемоглобинот, го одредува капацитетот за пренос на кислород во крвта.

Како лек се користи за следниве болести: Анемија, болести на срце и крвни садови, циркулација, настинка, грип, бронхитис, кашлица, проблеми со варење и апетит, надуеност и болки во стомакот, проблеми со црн дроб и жолчка, концентрација и помнење, ги чисти бубрезите од отрови и др.

Глуварче – глуварчето го јакне организмот и му помага на телото да се ослободи од отровите. Глуварчето е природен лек и за многу заболувања.Глуварчето се користи и при проблеми со бубрезите, црниот дроб, жолчката, дигестивниот систем, ефикасен е за прочистување на организмот и за подобрување на метаболизмот.

Магарешки трн – корени, листови, а дури и семето на Магарешкиот трн се корисни. Лекови кои се добиваат од растението Магарешки трн, се способни да го нормализираат метаболизмот, да ја подобрат состојбата на крвта, цревната функција, обновување на желудникот и да ја обноват косата. Ова растение е одлична превенција против одложување на сол и формирање на камења. Екстрактот на магарешки трн е сува мешавина од семето на растението кое содржи стандардизиран процент на активни флавоноиди. За највредните состојки содржани во магарешкиот трн се смета флавоноидниот комплекс, познат накратко како силимарин. Постојат голем број на истражувања каде што научниците гледаат на силимаринот како на супстанција која е потенцијален антиоксидант во хепатоцитите (клетките на црниот дроб) и на тој начин да ги штити од оштетување.

Спирулина има широка примена и делува на повеќе начини врз човечкиот организам и неговотo здравје: го зајакунува имуниот систем, ја зголемува издржливоста и отпорноста на организмот, го прочистува организмот и ги уништува слободните радикали, помага при регулирање на телесната тежина, ја подобрува работата на срцето, го регулира холестеролот и крвниот притисок, го подобрува варењето на храната и работата на дигестивниот систем, и ја обновува цревната флора, ја зголемува менталната енергија и ја подобрува работата на мозокот, го подмаладува организмот и го успорува стареењето, се применува проблеми со жолчката, црниот дроб и др.

СИТЕ ОВИЕ РАСТЕНИЈА ШТИТАТ ОД ВИРУСИ И МОЖАТ ДА ПОМОГНАТ КАКО ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОРОНА ВИРУСОТ.

Во делот на Фито – исхраната

За зајакнување на имунитетот, луѓето треба да конзумираат храна, суплементи или додатоци во исхраната богати со витамин А, Ц и Д. Да се конзумира разновидна храна, по можност храна богата со витамин А и Ц. Витамиот А е липосолубилен витамин, тие имаат многу важна улога за организмот. Особено за деца, витаминот А има ефект на заштита на очите, спречува ноќно слепило и суво заболување на очите, обезбедување на нормален развој на скелетот, забите, заштита на мукозата и кожата, зајакнување на отпорноста на организмот да се бори против инфекции. Затоа треба да се обрне внимание на храна богата со витамин А, особено за времен на сезона на вируси и грип.

Како и другите зрна, овесната каша содржи витамин Е, а исто така содржи полифеноли-антиоксиданси кои се добри за имуниот систем. Ако не знаете што да јадете за да ја зголемите отпорноста на организмот, ферментираната храна, обично јогуртот е идеален предлог. Јогуртот содржи корисни пробиотици, кои ја сочинуваат нормалната флора во организмот како и калциум, витамин Д, калиум и здрави протеини. Треба да изберете незасладен јогурт или да направите домашен јогурт, кој воедно е и хранлив и безбеден.

Медот ја зголемува отпорноста на организмот. Медот има антиинфламаторно дејство што ги ублажува вообичаените симптоми од страна на дишните патишта, како што е болка, чешање во грлото, и кои можат да доведат до појава на пневмонија. Можете да додадете малку мед во лимон, сок од портокал, да конзумирате секое утро за да го подобрите имунитетот. Исто така не заборавајте да конзумирате многу вода секој ден, затоа што кога е дехидрирано вашето тело, повеже нема да може да се бори против болеста како и обично.

Со конзумирање на ореви го надополнувате организмот со цинк кој е од суштинско значење, затоа што овој минерал го зајакнува имунолошкиот систем и брзо се бори против вирусите.

Семето од тиква е добар извор на цинк, може да јадете и повеќе семки од сончоглед содржат витамин Е за да го зајакнете имунолошкиот систем.

Драган Јованов – Македонска современа фитомедицинска заштита од вируси и зајакнување на имунолошкиот систем