Во финалето на Лигата на шампионите (ЛШ) на теренот ќе истрчаат фудбалерите на Ливерпул и на Реал Мадрид, правдата ќе ја дели судиска петорка од Србија, а од денеска е познато кој ќе ја пее официјалната химна на ова натпреварување – Албанката Дуа Липа со потекло од Косово.

Таа е родена во Лондон, а нејзините родители се од Приштина. Годинава беше избрана за пејачка на годината во Велика Британија, каде што ја почна кариерата настапувајќи на шоуто “Икс фактор“.

„Почестена сум што добив повик да настапам на финалето во ЛШ. Тоа е можност која се добива еднаш во животот. Не можам да дочекам да запеам пред преполниот стадион, пресреќна сум што ќе бидам дел од тој спектакл“, изјави Липа.

Финалната пресметка на двата најдобри тима сезонава во ЛШ ќе се случи на 26 мај во Киев.