Денеска се регистрирани еден починат пациент и 10 нови случаи на заболени со ковид-19 и тоа во Скопје 6, во Куманово 2, Прилеп и Велес по еден.

На Клиниката за инфективни болести почина пациент од Делчево на 60-годишна возраст кој имал и други придружни малигни болести.

Досега има вкупно 1.674 заболен, починати 92 и активни 377 случаи.

На Инфективна примени се тројца нови и хоспитализирани вкупно 41, во „8 Септември“ има 13 нови, а вкупно 25 пациенти.

Денеска се оздравени петмина пациенти и направени 189 тестирања.

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција ги отфрли шпекулациите дека тенденциозно се намалуваат тестирањата.

– Нема доволен број на пациенти кои имаат симптоми и вистинска индикација за тестирање. Само еден мал дел од капацитетот на системот Мој термин е исполнот. Од утре започнува скринингот на одредени критични категории. Ќе се тестираат вработените во градинките кои се близу 2.000 – рече Филипче.

Бројот на оздрава секојдневно расте, оздравени се вкупно 1.205 пациенти