Со оглед на временските услови и најавените врнежи, организаторите на „Ентер фест“ го одложија одржувањето на фестивалот.

„Со цел вистински и непречено да уживаат сите присутни во музиката и забавата, во убави и топли летни денови и ноќи без дожд, го поместуваме одржувањето на фестивалот за периодот од 29.08.2018 до 2.09.2018“, соопштија организаторите.

Купените влезници ќе бидат валидни за новиот термин на фестивалот.