Нема веќе простор за компромис со правото. Оние кои имаат обврска да обвинуваат и да судат мора да испорачаат правда, а не да ја блокираат, изјави денеска пред Основниот граѓански суд во Скопје, лидерот на СДСМ Зоран Заев, кој е носител на кандидатската листа на коалицијата „Можеме“ во четвртата Изборна единица.
– Оние судии кои свесно и намерно застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам за да се остави простор за оние кои чесно и професонално си ја работат работата – рече Заев.
Тој најави детална проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите и темелна ревизија на пет проценти од сите судски пресуди по случаен избор.
Заев рече дека ќе вовдедат ред и дисциплина и во админстрацијата.
– Администрацијата мора да им служи на граѓаните затоа дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20 проценти. Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието со што целосно го затвораме просторот за неправилности и неетичко постапување – рече Заев.
Тој рече дека сега од една страна е законот за јавното обвинителство, а од друга страна се Груевски, Мицкоски, Камчев, докторите за финансиски криминал, и, како што рече, „Ќосињата кои на неправдата и изградија споменик“.
-Таквите мора да одговараат пред правдата за криминалите што ги правеа затоа што законот денес важи подеднакво за сите. На 15 јули расчистуваме со остатоците од режимот во судството. Сета сила о енергија ја вложуваме во воведување на ред, еднаш и засекогаш. Правиме држава во која виновниците се казнуваат, а праведните напредуваат – рече Заев.
Носителот во ИЕ 1 Никола Димитров истакна дека врвен приоритет на опозоцијата во изминатите години е да се бега од правдата, да застаруваат случаи.
– Нивниот напад врз СЈО, не врз поединци кои се огрешиле од законот, туку врз СЈО како институција и врз мисијата на СЈО, да застарат случаите, да нема јавното обвинителство мандат за случајот „Талир“ на пример, да не се дома за поштарот да не може да ги најде да им врачи судска покана. Затоа на 15 јули мора убедливо да ги поразиме – рече Димитров