Премиерот Зоран Заев порача дека ова е историски ден за Македонија и Грција и дека со договорот се гради нова реалност во регионот. Тој обраќањето го почна со цитат од  филозофот Аристотел.

„ Аристпоте рекол, нема да можеш да постигнеш ништо без храброст и чест,  надежта е буден сон, кога имаш надеж можеш планини да поместиш. Го делам чувството дека со потпишувањето на договорот, навистина поместивме планини.  Кога многумина се сомневаа потврдивме дека е возможно. Ставивме крај на отежните пријателски односи три децении неизвесност, и на несакани последици од овој спор. Дојдовме до достоинстевено и прифателиво решение. Договорот ни донесе аспирација, иницијативи за подобар живот. Решението и процесот ни донесе пријател. Градиме пријателство со Грција, тие ќе бидат наши партнери. Во регионот има нова реалност. Создаваме семејство фокусирано на луѓето. Да ги отвориме границите, да се повикуваме на европски вредности. Обединети опстојуваме, разделени паѓаме. Посилна економска соработка, создадовме шанса, да ја засилиме соработката, и да постигнеме раст и развој, протокот на луѓе и технолошки напредок“, рече Заев.

На оние кои се противници на договорот и во Македонија и Грција сакам да има порачам дека тие имаат право на тоа, ние ќе градиме демократски вредности базирани на слобода, владееење на правото.

„ Нашите држави имаат обврска да застанат зад цивилизацикаките вредности, се противат на манипулации, и на стравот. Демократијата реагира на проблеми, и сите да знаат на некоја идеја имаат право на гласен аргументиран став, како што е европски да се дава шанса низ институционалниот систем на одлучување, целиот демократски свет“, порача Заев.