За мојата Мајка – Ангел на небото!

57

Собрав храброст за да напишам еден дел, а останатиот што и доликува ќе го напишам со овие раце откако нејзиниот дух ќе оди мирно на небото после 40 тиот ден!. А сега вака:

– Мојата мајка за која вие сите знаете дека ја изгубив на 11 ти Април беше медицински работник, цел живот помагајќи на други, а таа не можеше да си помогни од Ковид 19!

– Мојата мајка беше на респираторна машина на Инфективна клиника 18 дена! Во тешка состојба, но се бореше, имав мајка лавица!

– Мојата мајка имаше само 59 години!

– Мојата мајка ја видов дента кога ја донесов на Инфективна држејќи ја за рака,! а потоа не ја видов повеќе!

– Седев секој ден на клупата под нејзината соба да ми го осети присуството!

– Секој ден се молев и верував дека ќе преживее!

– Седев сама цели 18 дена одејќи до Инфективна два пати на ден да носам течна храна и за да не бидиме двете сами во друг град!

– Секој ден од 12:00 до 13:00 часот кога прашував за состојба умирав во таа минута од страв!

– Секој ден срцето ми се правеше копец, секој ден кога ќе ми беше кажано дека е критично, дека имала пад на сатурација, дека и се кренал притисок, дека еден ден се влошила состојбата друг ден издржала!

– На мојот брат срцето му се правеше копец во друга држава !

– Мојот татко беше неколку дена сам во нашиот град, дома во Охрид!

– 18 дена не спиев, не јадев, не можев да јадам мислејќи дека ако јас јадам а таа не може ја навредувам!

-18 дена секој ден умирав од желба да ја видам и гушнам, да ја намирисам!

– 18 дена чекав да ми каже некој дека се подобрила дека ќе оздрави!

– 18 дена умирав ден по ден, а на 18 тиот Умре делот од мене кој го викав Мама со телефонски повик во 07:30 часот! Јас нејзиното дете!

– И вие ми говорите за кафичи, кафиња кој не сте можеле да ги испиете, гужви и дискотеки и дека нема да се вакцинирате!( многу голема трагедија ептен)

– Јас да ви кажам, вие ќе го пиете тоа кафе, и пијачката и во дискотека ќе излезете, и јас исто, зошто ќе помини!

Ама да ви плукнам во тоа мозокот и кафето зошто мојата мајка повеќе нема да може да пие кафе!

И други мајки, татковци, деца и баби и дедовци!

Зошто кафето и невакцинацијата и немањето свест да се приберите дома а не во глутници да правите чопор ќе земе други животи! А вие ќе сте виновниците!

– Да ве прашам совеста не ве јаде?

– Чука нешто во вас во градите?

– Ние што имаме дома медицинско лице не ви е грижа, ама грижа ви е кога тоа лице треба да ве лекува?

– Тешко ви е да се изолирате а буфтате кашлате на маса со 10 луѓе? А да, кафето е побитно заборавив пошто кафе дома немате да се напиете.

– Срам да ви е ! Да ви се плукнам во мозокот и немањето свест а сакате во Европа!?

– Не може во Европа другари без свест и мозок!

– Година и пол се дотрубе на телевизија да седите дома за да се заштитиме!

– Година и пол ве заболе, освен кога вас ќе ви се случи нешто па тогаш крив е друг!

И имате храброст да ми кажете дека вашето кафе е побитно од мајка ми и од друга мајка и татко кои прерано заминале зошто ги заразил некој несовесен како вас?

– Ако имате храброст дојдете кажете ни во лице на нас што го изгубивме нашето срце во еден кофчег! Ако имате храброст де, зошто има простено и непростено.

Текстов е пишан во трето лице на оние кои сето ова го прават.

Пишува:Јасмина Петковска (Белиот Лебед)