
Неколку месеци повеќе соработници ангажирани во собранието преку ВМРО се оставени на улица без никаков ангажман заради лажењето на Мицкоски дека ќе го подржи предлогот да се именуваат пет потпретседатели на Талат Џафери.
Младите молат, бараат средби со Мицевски и Мицкоски ама нон-стоп ги откачуваат.
За разлика од нив, на други советници во собранието не им фали влакно во коса. Не само што не им фали, туку секогаш наоѓаат време за фризер, маникир и педикир во работно време.
Таква советничка е Марина Димовска, омилената на Мицкоски.
Не само што не е избркана од работа во собранието, туку од Мицкоски е наградена и со место во Надзорниот одбор на МРТ каде добива надомест од 400 евра.
Лути на Марина, нашите извори велат дека за неа нема зима се додека нејзиниот Кико е на чело на ВМРО. За неа секогаш е отворена вратата од неговата канцеларија. Тие велат дека сега не може повеќе да доаѓа кај него на брифинг бидејќи се почесто жена му го запоседнувала штабот ама тие наоѓале време и простор за да се договараат за активностите.