Деновиве на социјалните мрежи кружи плакат на кои сте заедно со мега популарната актерка од бившите ЈУ простори Лидија Вукичевиќ.Колку што може да се види се работи за хит комедијата ,,Чекајќи го министерот”.Колку долго сте во соработка?

Ристовски: Повеќе од две години е познаството со мојата драга пријателка и колешка Лидија Вукучевиќ.Таа е пред се голема личност во сите аспекти.Многу голем другар,колега…Чест и одговорност ми е што сум заедно на сцена со неа.Не секој колега ја има таа прилика да игра со големи актерски имиња.Оваа претстава е урнебесна комедија која изнудува многу смеа кај публиката.Инаку јас упаднав во овој лик по предлог на екипата,односно Лидија и Семир.Играм еден многу интересен лик во кој едноставно уживам.Уживање е да се работи со Лидија и Семир.Чувството на сцена не ме лаже никогаш.Чувствувам дека играме еден за друг,несебично и искрено.Тоа и го чувствува публиката.

Најавувате турнеја низ државата.Кога ќе се случи и кои градови се планирани?

Ристовски: Видете оваа претстава ја играме во Србија.Јас бев на патишта низ Србија со нив пред пандемијата.Пред самиот почеток на пандемијата имавме закажано да играме и овде кај нас,но со носењето на мерката за забрана на играње на настани во затворено се откажаа изведбите.Сега веќе има услови за играње,публиката чека,а турнејата почнува на почетокот на месец Април и ќе трае до средината на месецот.Според договорот неможам да ги откривам деталите,сепак има уште малку време за прецизирање и ќе се објави.

Дали со овој ваш чекор,можеме да заклучиме дека се враќате повторно на сцена?

Ристовски: Јас и никогаш не ја напуштив сцената.Дури и кога имав сериозни задачи наоѓав време да играм.Но, пандемијата си го направи своето и направив поголема пауза.Морам да признаам и добро ми дојде,па сега да можам офанзивен старт.

Што е со вашите политички активнисти и функции? Дали очекувате нешто ново? 

Ристовски: Јас сум активен со своите ангажмани во однос на партијата во која сум член 20 години,но само како член и во рамките на тоа.Функции немам, а искрено и не очекувам никаква понуда.Но, доколку ми биде понудено нешто со кое можам да дадам максимален допринос, секако дека ќе прифатам.Сега за сега сум само член и делувам во тие рамки.Во политиката треба да знаете кога и од кој агол и како да делувате.

Еден период за вас имаше значителни реакции од одреден круг на ваши колеги.Дали заврши сето тоа? Постигнавте мир?

Ристовски: Јас сум секогаш за мир.Го сакам мирот и го создавам.Тие реакции за мене се минато свршено време.Говорам лично за себе,а другата страна дали е мирна незнам.Јас сум мирен целосно,бидејќи институциите си го кажаа своето.Одам мирно и силно напред.

Вие јавно ја критикувавте старата министерка за култура. Каков е вашиот став кон новата министерка за култура?

Ристовски: Точно.Имаше и зошто да критикувам.Кога има причина јас тоа го правам.Некои блиски ми се лутеа за тоа,но јас сум имал и ќе имам свој став.На крај испадна дека сум бил во право.Повеќе не би сакал да коментирам за минатото. Што се однесува за мојот став за новата министерка за култура, сметам и уверен сум дека е на вистинскиот пат да ги поправи работите до кој никој министер не успеа да стигне.Се гледа веднаш по нејзините постапки и делување во сите свери во културата.Сепак е многу рано да се видат резултати, но она што се гледа би го нарекол започнува зазорување.Тоа е добро.Култура е тежок ресор, а и се сменија многу министри.Искрено се надевам дека новата министерка ќе биде подолг период на ова место,бидејќи на културата и е потребен министер како неа.

Оваа година повторно имаше реакции за годишната програма за култура.Кој е вашиот став?

Ристовски: Реакциите се нормални,поголемен дел за мене издржани.Зошто? Најпрво јас имам лични забелешки.Имате проекти на национални установи во кои буџетите ама воопшто не соодветствуваат со потребите,односно се многу помали од потребните средства.Следно е многу впечатливо кое се повторува години наназад,вработен режисер во една национална установа добива три проекти во други национални установи.Исто така имате режисери кои добиваат по три проекти , а некој ниту еден.Ако почнам да говорам по дејности,пропусти многу.Но, се надевам искрено дека новата министерка ќе ги увиди истите и дека ќе ги доработи и докристализира условите за аплицирање.Покрај дигиталните апликации кои се воведоа,мора според мене јасно чисти кристални услови кои ќе бидат во корист на сите уметници.Да се смени и терминот за аплицирање,а најважно од се е буџетот за следната година да биде истакнат,односно објавена програма пред самиот почетокот на новата година која следува.Само така националните и локалните установи од областа на културата и другите корисници ќе можат да функционираат од самиот старт на годината,а првиот месец од годината да биде искористен како рок за жалби.Најдобрата реформа е делегиран буџет за установите.Со тоа се дава комплетна автономија на креирање на програмска политика на установата и целосен увид за колку е успешен менаџер оној кој ја раководи институцијата.Јас имам целосна анализа и доколку е потребна би ја предложил,би разговарал и би отвориле дури и јавни дебати.

Кои се вашите предлози за подобро меѓу институционално функционирање на културата?

Ристовски: Видете јас како директен учесник во културата барем добро знам колку е важно меѓуинституционалното функционирање.Сметам дека сум понудил многу предлог решенија,но за жал ниту едно не е реализирано.Незнам зошто,се надевам дека ќе биде во иднина.Нивото е многу ниско во меѓуинституционалното функционирање.Тоа ни е слабост во 21 век.Зошто некоја работа да се чека дваесет дена кога може за пет да комплетно готова.Јас имам предлог решенија,но треба некој да се заинтересира за нив.Така функционираат многу наши соседни држави,мораме и ние.Воведувањето на нови решенија,начини на комуницирање и процесоирање на предмети во време на дигитална ера да се решаваат уште рачно и со курир е малку лошо.Реформи мора за подобра и поквалитетна култура. Мора брзи реформи во културата.

Бидејќи ретко кој ја спомнува естрадата. Тоа е дел од културата.Има став дека е на маргините.Кој е вашиот став?

Ристовски: Не на маргините,туку под маргините за жал.Естрадата исчезна.Јас дадов убав предлог до владата,да се формира Агенција за естрада, со свој управен,надзорен одбор, каде благодетите ќе имаат и естрадните уметници ама и државата.Во оваа свера треба апслутно веднаш да се делува.Предлог има,само треба да се имплементира,дополнува…и реализира.

Многу често во медиумите ве гледаме со Сојузот на борци. Кој е вашиот ангажман во Сојузот на борците?

Ристовски: Овој ангажман го добив во април минатата година од тогашниот претседател на владата Зоран Заев кој беше покровител на значајниот јубилеј 80 год НОБ.Сојузот на борците беше во многу незавидна позиција,долгови и многу проблеми заглавени во институционалните лавиринти.Јас формирав свој тим со кој сеуште работам и огромен број од затечените проблеми се решени,следува уште една половина од проблемите да ги решиме и Сојузот на борци да застане на здрави нозе.И оваа влада предводена од премиерот Ковачевски ги продолжи чекорите на екс премиерот Заев околу Сојузот.Многу важен чин,бидејќи благодарение на борците,на оваа државнотворна организација ние имаме држава.Мораме да бидеме одговорни кон тие кои ни ја донесоа слободата на државата.Голема одговорност е исправена пред мене,но тоа ми императив во оваа задача која мене ми е доверена.

Бидејќи во вашата матична куќа редовно го следиме репертоарот.Зошто ве нема во ниту една претстава?

Ристовски: Ова прашање можеби треба да го упатите кон новата управа на театарот.Јас не одлучувам за тоа повеќе.Сега сум само актер таму ,постои вд директор и уметнички совет.Одлуките се нивни,како и одговорностите.Се прашувам зошто претстава на еден Егон Савин не се игра.Но, одлуките сега ги носи друг, а јас ги почитувам.Јас сум сега само актер како и сите останати.Доколку е донесена таква одлука ќе се почитува.

Кога ја споменувате управата на вашата матична куќа НУ Театар Комедија,таму за речиси два месеци имаше турбулентни промени на директори.Како гледате на сето ова?

Ристовски: Видете вака,тоа што се случи,говорам за промените во месеци кои ги спомнувате,сметам дека лошо одекна во јавноста.За промена на директор и именување нов одлучува министер.Тоа е по закон.Закон важи за сите.Желботеки не. Одлуките треба да се почитуваат.За мене лично сето тоа фрли црна дамка,но ќе видиме што ќе се случува понатаму.Старата министерка не изврши избор на директор по основ на јавниот оглас и ете имаме вд директор.Знаејќи ги кандидатите на тој оглас , сметам лично дека е направена неправда и таа треба да се исправи.Многу ми е јасно се мене,но важно е за мене на чело на институција да биде човек од колективот,но со долгогодишно искуство во работата.Јас лично не сакам да се мешам,а немам ни легитимитет,но доколку би имал знам како да постапам во такви околности.
Се надевам дека вакви работи нема да се повторуваат.

Дали повторно би биле директор?

Ристовски: Не.Никогаш.Можат мирно да пловат во тие води лицата кои посакуваа да бидат директори.Јас завршив со тоа.

 

Разговараше: Виктор Азманоски