Терористите од ИСИС повторно се заканија со напади за време на одржувањето на Светското првенство во Русија.

На своите интернет-страници ставиле морничави фотографии на кои им ги сечат главите на двајцата најдобри играчи во светот, Лео Меси и Кристијано Роналдо.

Морничава е и пораката објавена со фотографијата.

„Теренот ќе плива во вашата крв“, а потоа објавиле уште една порака.

„Победата на Светското првенство ќе биде наша“.