Во текот на изминатото деноноќие казнети се 585 лица за неносење заштитни маски на територија на цела држава, соопшти МВР.

Исто така, на 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.