Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, придружуван од организациониот секретар Миле Зечевиќ, во текот на вчерашниот ден се сретна со граѓаните на Кавадарци, Неготино и Росоман.

Како што информираат од партијата, на средбите се разговарако на повеќе теми, со посебен акцент на мерките коишто Владата ги реализирала во земјоделството.

„Земјоделските краишта од нашата убава Македонија знаат што носат промените. Сега, земјоделците имаат редовна исплата на субвенциите, исплатени се дури и оние што минaтата власт не ги исплати, поддршката за младите земјоделци е зголемена за повеќе од двојно, од 1,5 на четири милиони евра, со повратот на персоналниот данок 7 милиони евра остануваат кај земјоделците а воведувањето на зелената нафта значително ги намалува трошоците во работата“, рекол Кирацовски.

Тој истакнал дека успешноста се потврдува со фактот дека само во првиот квартал годинава забележан е раст од 5,1% во земјоделството, во споредба со минатата година.

„Промените носат повеќе пари кај граѓаните што значително влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните. Продолжуваме заедно, Македонија ја градиме како држава за сите“, заклучил Кирацовски.