Оџата од Дренас, Осман Муслиу го критикува косовскиот претседател Хашим Тачи за неговата слика со поглаварот на Католичката црква, која виси на ѕидот во неговата канцеларија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Косовскиот имам, гостувајќи во емисија на телевизијата Т7, рече дека би го тужел Тачи за оваа слика, затоа што со тоа што со тоа прави верска дискриминација.

– Претседателот треба да ги претставува сите граѓани и не смее да прави разлики по верски основ, рече Муслиу.

И првиот претседател на независно Косово, Ибрахим Ругова, беше познат по својата блискост со Католичката црква и имаше неколку посети на Ватикан и средби со Папата, поради што беше критикуван од одредени исламистички кругови.