Од здравствен, но и од економски аспект важно е парламентарните избори да се одржат во првиот можен рок. Како одговорна партија СДСМ секогаш дава шанса и остава простор за договор, но законските рокови течат. Ако ВМРО-ДПМНЕ продолжи да се однесува неодговорно и да ги штити тесно партиските интереси на сметка на граѓаните и на држава, секако дека согласно закоите изборите ќе се одржат откако ќе заврши вонредната состојба, порача пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов во вечерашната дебата на емисијата „Само вистина“.

Одговорно е да воспоставиме функционални инстутуции и со полн капацитет и ефикасно да се соочиме со здравствените и економските предизвици.

Тој нагласи дека и Комисијата за заразни болести и на Светската здравствена организација велат дека е можен втор бран од вирусот на есен, и затоа одговорно е изборите да се одржат во првиот можен рок, кога ситуацијата со корона вирусот е најлесна за менаџирање. При евентуално отворање на границите и олабавување на рестриктивните мерки очекувано е бројот на заразените да расте.

„ Јасно е зошто Христијан Мицкоски бега од избори, а тоа е зошто е исплашен од поразот што го очекува. Ним не им е ни до здравејто на граѓаните, ни до интересот на државата. ВМРО-ДПМНЕ бега од избори затоа што не може да избега од секојдневните скандали што ги прават нивните партиски функционери. Еве денеска имаме нов скандал кога истакнат активист на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица вработен во Центарот за социјални грижи , бара сексуални услуги за завршена работа. Има информации и за фирми блиски до потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски за што веќе Обвинителството и по допрен глас отвора предмет. Истовремено има информации и дека првиот братучед на Александар Николовски бил управител на фирма која се занимава со производство на масло од канабис, а кој во време на режимот на ВМРО-ДПМНЕ бил директор на Фондот за здравство. Од овие скандали ВМРО-ДПМНЕ не може да избега“, оцени Костадинов.

Тој потсети и дека Мицкоски со притисоците во МВР за случајот „Теретана“ покажа дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не е сменето.