Ставот на СДСМ е избори во првиот можен рок, веднаш по завршување на вонредната состојба, кога тоа ќе го препорачаат здравственсите експерти, истакна портпаролот на СДСМ Коста Костадинов, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.

– Нашиот став е сосема јасен, нешто од што ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски бегаат, а тоа се избори веднаш по завршување на вонредна состојба, нагласи Костадинов.

Нам анкетите ни покажуваат дека победуваме, а во ВМРО-ДПМНЕ велат дека победуваат, тогаш треба да се најдеме на демократски мегдан и по оваа криза да составиме политичка влада, бидејќи улогата на техничката влада е да спорведува избори, рече Костадинов, додавајќи дека повеќе од 3 месеци сме без парламент, што за норамална држава е недозволиво.

СДСМ се залага и за враќање на политичка влада да го спречиме хаосот што го прават кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада, пред се Чулев, како и дополнителната заменик министерка за економија, која спречува проект од Светска банка и наштетува на граѓаните и на државата, нагласи Костадинов.

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски лажат дека се загрижени за граѓаните и здравјето на граѓаните, додека здравствените работници се справуваат кризата, ВМРО-ДПМНЕ оди со манипулации, лаги и обвинувања, дека нема доволно тестови, рече Костадинов.

Лажна е загриженоста на ВМРО-ДПМНЕ за здравствените работници, сега дополнителната заменик министерка ги кочи средствата од Светска банка од 90 милиони евра, од кои треба да се исплатат наградите за здравствените работници, помош за социјално ранливи категории, нагласи Костадинов, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ја туркаше државата во бездна, не задолжуваа, а сега ќе беше полесно без Скопје 2014, со една милијарда евра повеќе, ќе имаше посилен импакт за поддршка на економијата на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ лажат дека се грижат за граѓаните, бидејќи полицијата по налог на Наќе Чулев упадна кај волонтери, кои спремаа пакети за социјално ранливи граѓани во Струмица и со полициска хајка се обиде да ја прикрие веста дека истиот ден на дело беше фатен кадар на ВМРО-ДПМНЕ во министерството за земоделство, како прима поткуп, истакна портпаролот на СДСМ Коста Костадинов, во емисијата „Клик плус“ на ТВ21.