Кој сака да застане на патот на правдата?

72

Изминативе неколку недели не стивнуваат “отровните стрели” насочени кон првиот меѓу еднаквите, премиерот Зоран Заев.

Често се прашуваме кој стои позади другата страна на лакот…

Крајните разврски на еден од најголемите судски процеси од осамостојувањето на државата, можат да го дадат и одговорот на прашањето.

Хронолошки гледано најсилната антикампања кон премиерот е од притворањето на несудениот “казанова” Јордан Камчев, по ново познат како Јордан Савов Камчев.

Да почнеме од почеток…

Органот кој што ги направи најсмелите истраги и ги покрена најголемите обвиненија, е СЈО. Формирањето на таа институција во 2006 та година во голема мера зависеше и од формирањето на новата Влада. Во тој момент тогашниот мандатар Заев, јасно и недвосмислено навестуваше дека формирањето на Специјалното јавно обвинителство треба да го даде одговорот на сите обвинувања на тогашната опозиција (СДСМ).

Дали во владината програма, дали во “црвените линии”на Заев предначеше формирањето на СЈО.

“Вистината за Македонија” заврши, луѓето слушнаа за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ и компањоните околу партијата, СЈО се формира, истрагите беа скоро спремни, материјалите се предададоа.

Сите добро се сеќаваме на “Добар ден” изговорено од тогашниот портпарол Шилегов. Фирми, шеми, спојки, бројки и криминалци се редеа на прес конференциите. Во преку една од нив беше споменувано името на Камчев. Дали тоа беше за купување на плацови, дали тоа беа центрите за дијализа дали за друго Јордан го имаше во скоро сите.

Во еден момент помислив дека и тој како артистите се води од мислата дали по добро или по лошо важно е да те има во медиумите.

И нејсе Орце како Орце познат уште од зетовското време на фамилија Костовски кога порача контингент на патики, само леви патики сваќаме дека дечкото е роден за бизнис, криминален бизнис.

СЈО го покрена обвинението за предметот “ИМПЕРИЈА”, каде што таргетот на истрагата беа бизнисменот Јордан Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Семејството Камчеви во Империја

Покрај Јордан Камчев во истрагата на СЈО вклучени се и Ратка Куноска Камчева(мајка на Јордан) и Христина Камчева Стојческа(сестра на Јордан)

Јордан Камчев е познат по тоа што при крајот на 2011 влезе во медиумската компанија МПМ, која ги поседуваше весниците „Дневник“, „Утрински“ и „Вест“ и која пропадна минатата година.

Од „бомбите“ слушнавме дека влезот на Камчев во МПМ, Мијалков го објаснуваше со зборовите „таму сега јас преземам контрола“.

Камчев е интересен и по тоа што во неговите бизнис походи често друштво му правеше фамозната „Ексико“, а индиректно со него се врзуваа многу фирми што доаѓаат од офшор-дестинацијата Белизе.

Токму Јордан Камчев целосно ја презема фирмата „Сирах Лимитед“ која директно од Белизе купи 11.000 квадрати на Водно и со која управуваше првиот венчален кум на Никола Груевски, Ристо Новачевски.

Камчев во 2018 стана газда и на третина на хотелот „Мериот“ преку фирмата „Дивелоп груп“, која е основана со капитал од Белизе. Подоцна овој удел отиде во семејната фирма на Мијалкови.

Овие две фирми од Белизе се регистрирани на истата адреса на овој тропски остров со фирмата „Иресине лимитед“, која го основаше неделникот и порталот „Република“.

На истата адреса во Белизе е стационирана и фирмата која ја градеше салата „Јане Сандански“ и хотелот „Русија“ зад кои денес стои пријателот на Камчев, Сергеј Самсоненко.

Ова е само дел од она што досега БИРН и другите медиуми во последнава деценија го објавија за оваа мрежа од фирми.

Во неа има уште неколку крупни и познати бизнис и политички имиња од Македонија, а со оглед дека СЈО најавува проширување на истрагата можно е и тие да бидат вклучени во истрагата што го носи името Империја, пишуваа медиумите.

Јордан Камчев за прв пат влезе во затворски притвор за случајот со купопродажбата на спорните плацови на Водно, туку од 22 декември 2005 година. Тогаш за првпат Камчев влезе во затворски притвор.

Првиот пат, полицијата не можеше да го најде, па за него беше распишана потерница. Се шпекулираше дека бил во Бугарија или во Грција. На крајот самиот се пријави и влезе во притвор, но не седеше долго. Приближно 12 часа. Излезе со гаранција од 60 илјади евра.

Вториот пат, Камчев беше притворен по 13 години од тој настан, односно во 2018 година за предметот на СЈО, „Империја“. Но, и тогаш не седеше долго. Излезе бргу по начелното мислење на Врховниот суд, со кое СЈО беше прогласено неовластен тужител во постапката.

Понуди и една од највисоките гаранции на Балканот за да излезе од притвор од над 14 милиони евра.

Третото и последно апсење за случајот „Плацови на Водно“ се случи на 14 март, кога Камчев по дојава од агентите на Агенцијата за национална безбедност, беше изведен пред судија и доби 30-дневен притвор.

Според добро упатени извори пишувањето на пресудата за предметот “Империја” е скоро готова, самиот Камчев е свесен за сторениот криминал, па спасот го бара на секаков можен начин.

Дали по пат на подмитување, дали по пат на користење на пријателски линкови од “старото добро време” или по пат на принципот “оцрни го непријателот” преку одредени медиуми Јордан не запира.

Првиот непријател на Камчев беше СЈО, оној кој прв започна… Успеа да го урниса преку една алуминиумска будала и една лакома обвинителка.

Вториот е Заев, очигледно пожилав и жеден за правда.

Според тогашните изјави на Заев а и на Камчев при нивната средба каде што се разговарало подоцна оформениот предмет “Рекет” премиерот му кажал дека законите во државата важат за сите и го упатил кај Вилма Русковска, шеф на овбинителството за организиран криминал. (Според блиски луѓе на Камчев неуспешен обид за вовлекување на премиерот во валканите игри на Камчев).

Уште во времето на првите истраги често пати се споменуваа и незаконити назначувања на истражители, спротивно на закон, но некако остануваа на маргините во медиумите.
Кога видоа дека пропадна и тој план на Камчев следижуваше и последното негово апсење, па тогаш пропагандата ја пуштија на најсилно.

Дел од медиумите се нафрлија кон Заев како хиени над својот плен, немаше што таму да најдат па по старата народна (Ако неможеш по магарето удри по самарот почнаа по дел од неговите соработници). Оставките прифтени, предметите отворени, осомничените обезбедени.

Интермецо девојката на Камчев на секаков можен начин се обидуваше да го извади “невиниот”од притвор. Не му чинела келијата, немал вода, сигурно дека не е така, но притворот е притвор.

По нејзина ургенција, голем број на адвокати си ја пробуваа среќата да го ослободат Камчев, најпрво преку претседателот на правен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Менкиновски а после и со останати.
Медиумите исплашени да не им секне изворот, а и соочени од фактот што предметот “Империја” е заснован врз основа на педерење на пари не застанаа со нападите.

Некој ги поучил и нив дека ќе одговараат за примените пари согласно член 273 не се пуштија од орото и како “слепиот за стапот, продолжија до го величат невиниот.

Согласно гореспоменатиот член тој што ќе пушти во оптек или промет, прими, преземе, замени или раситни пари или друг ја прикрие неговата локација, движење или сопственост, имот што го прибавил со казниво дело или за кој знае дека е прибавен со казниво дело, или со претворање, промена, пренос или на друг начин ќе прикрие дека потекнува од таков извор или ќе се казни со затвор од една до десет години.

Според тоа да не си им во кожата и на тие што сакаат да го вадат и на тие што го бранат.

Правдата е можеби спора, но не е слепа !

 

Пишува: Виктор Азманоски