Следејќи ги потребите на Министерство за Здравство, Општина Бутел и Институтот за трансфузиона медицина, во Вторник на 14.04.2020 од 09.00 до 14.00 часот ќе ораганизираат КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА во просториите на Општина Бутел .

Во координација со Институтот за трансфузиона медицина , превзимаме дополнителни мерки за да создадеме максимално безбедни услови за крводарување, како што е персонал, обучен за спроведување на сите пропишани хигиенски мерки од Институт за трансфузиона медицина. За врем на акцијата ќе биде воведен систем на обезбедување на соодветно растојание помеѓу дарителите и ќе се практикува телефонско повикување на дарителите со цел да се обезбеди континуитет во крводарувањето во безбедни временски интервали (закажување).

Ги повикуваме сите заинтересирани лица и крводарители да се вклучат во хуманитарната крводарителска акција и да помогнат во спасување на нечиј живот.

Covid-19 ИНФЕКЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЕ СО КРВОДАРУВАЊЕ