Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) Кристијан Трајковски, одлучи неговата плата да остане 14.500 денари, а остатокот да го уплати во фондот за борба против епидемијата од вирусот ковид-19.

– Солидарноста, човечноста и хуманоста, но пред сѐ, чувството за одговорност, во овој период ни се потребни повеќе од кога било досега –  вели Трајковски.