Кубанското народно собрание почнува денеска дводневно заседание на кое ќе се избере наследник на актуелниот кубански лидер Раул Кастро.

Се очекува Кастро да го наследи актуелниот прв потпретседател Мигел Дијаз-Канел (57).

Вкупно 605 народни пратеници ќе изберат претседател на Државниот совет, кој по Уставот е шеф на државата и владата, претседател на Народното собрание, потпретседател и членови на Државниот совет.

Името на новиот претседател на Државниот совет ќе биде објавено утре.