Градоначаникот на Кавадарци Митко Јанчев во денешното гостување на ТВ 24 објасни дека во писменото барање до Владата побарале летните бавчи да почнат со работа, со оглед дека во моментов нема новозаразени во градот.

-Заседаваше Здружението на угостителите и бараат од понеделник да се отпочне со работа, односно да се отворат летните бавчи. Барањата беа коректни и се обврзаа да ги почитуваат мерките за заштита, со дезинфекциони сретства на секоја маса, рече Јанчев.

Во врска со изборите, Јанчев потенцираше дека на државата и требаат избори.

-Мое да се организираат без граѓаните да се изложат на ризик. Треба да се формира извршна власт, а оваа власт сега е само раководење и тоа не може да трае бесконечно.