Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од лично име и во име на партијата, упати честитка до сите припадници на влашката етничка заедница по повид празникот 23 мај – Националниот ден на Власите.

„Овој значаен ден за влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција. Нивниот придонес за градењето на основните човечки вредности во нашето општество, но и во изградбата на нашата заедничка држава Македонија е значајно голем“, наведува Мицкоски.

Тој смета дека денеска Власите исто како и другите заедници поминуваат низ заеднички предизвици, економска неизвесност, здравствена криза и несигурност.

„Положбата на заедниците не се подобрува со убави зборови, туку со работа, стратегија и конкретен план“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ кој во честитката посакува добро здравје, надминување на предизвиците и подобар живот за Власите и за сите граѓани на Република Македонија.