Во аргументите зошто тој и партијата што ја води се против брзи избори без гаранција дека нема повеќе опасност од ширење на заразата од короната, Мицковски на тв Телма запраша – што ако јас или некој од предложените се зарази и мора да се изолира, што ќе им речеме на граѓаните, ние сме болни, вие одете, гласајте.

За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ спорна е и денешната изјава на министерот Филипче дека на владата ќе и предложат да побара председателот Пендаровски да потпише уште нови 30 дена вонредна состојба а од друга страна го објави протоколот како би изгледало гласањето на такви избори во кои заразата е уште присутна.