Доаѓа Лука Меџик, вака Универзитетот Источен Мичиген го претстави македонскиот репрезентативец Лука Савичевиќ како Лука Меџик и со тоа го најави неговото доаѓање во кошаркарскиот тим за идната сезона.

Со нашиот кошаркар почнува составувањето на ростерот не само за идната сезона, туку и за следните години во кои Иглс имаат високи амбиции.

„Лука е репрезентативец на Македонија, плејмејкер со одлилна визија и чувство за играта. Има добри предизпосиции, височина од 190 сантиметри и дефинитивно е подготвен за следните предизвици бидејќи има интернационално искуство“, изјави за тимската интернет страница, тренерот на тимот Стен Хит.

Во текстот се потсетува на одличната статистика на Савиќевиќ на претходните големи натпреварувања со младинските селекции на Македонија, но и на сезоната помината во Македонија.

Тој се договори со Универзитетот Источен Мичиген минатиот месец и од новата сезона ќе биде втор македонски репрезентативец, покрај Андреј Јакимовски, кој ќе настапува во елитната дивизија од НЦАА лигата.