Сите ние вработените во Министерството за внатрешни работи, професијата која што сме ја одбрале и што чесно ја работиме сме свесни дека истата носи ризици и откажувања од многу права кои што ги има секој граѓанин на нашата држава и несомнено е дека припадниците во Министерството за внатрешни работи, БИЛЕ, СЕ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАТ НА БРАНИКОТ НА ДРЖАВАТА и едни од најповиканите кога државата е во тешки моменти, а притоа ни е јасно дека мораме максимално да одговориме на повикот..

Но информациите од теренот кои ги добиваме од колегите кажуваат дека теренот ниту 40% не е покриен со заштитни маски, гумени ракавици како и средства за дезинфекција.

Почитувани, Македонскиот полициски синдикат како едеинствен репрезентативен синдикат со над 8500 членови од кои над 8000 се припадници на МВР, БАРАМЕ ВЕДНАШ РАКОВОДСТВОТО НА МВР преку службите за општи и заеднички работи до сите организациони единици во Министерството за внатрешни работи кои што при вршењето на редовните работни задачи се во директен контакт со странки, да достави заштитни маски, гумени ракавици чие носење ќе биде задолжително како и средства за дезинфекција.

Почитувани, на крајот сакаме уште еднаш да потенцираме и се надеваме дека ова ќе стигне до раководствотсвото на Минитеството за Внатрешни работи.. Дозволете ми да Ви укажеме дека дека ова со Коронавирусот драматично е сериозно.Не смееме да дозволиме од денес ниту еден вработен да биде ипратен на терен без заштитна маска, ракавици и средство за дезинфекција. Сфатете го сериозно. Вработените во МВР тоа го очекуваат од ВАС.