Полицијата во Русија во неделата уапси над 1 018 луѓе во протестите што се раширија низ целата земја против предложените пензиски реформи, кои вклучуваат покачување на старосната граница за пензионирање.

Протестите беа организирани од поддржувачите на опозицискиот лидер Алексеј Навални, а најмногу луѓе беа уапсени во Санкт Петерсбург, односно 452 лица.

Според Си-ен-ен, полицајците ги употребиле и своите пендреци со цел да ги растераат демонстрантите.

Старосната граница и за мажите и за жените ќе почне да се зголемува од 2019 година, а до 2036 ќе се зголеми од 60 на 65 за мажи и од 55 на 60 за жени.