„Кристина Костова веќе неколку дена е жртва на екстремен говор на омраза, кој во најголема мера вклучува мизогини и хомофобични коментари, но оди до закани за силување и закани по живот, сè поради тоа што искажа нејзин став во однос на одржување на свадби во време на пандемија. Периодов кој го преживуваме е тежок за сите, но не смее да биде изговор за брутално да напаѓаме, навредуваме и се закануваме. Говорот на омраза често води кон дела од омраза и баш затоа најостро ги осудуваме сите оние кои на било кој начин вознемируваат онлајн. Даваме безрезервна поддршка на Кристина Костова и на сите жени кој изминатиов период претрпеа родово базаран говор на омраза на социјалните мрежи“, напиша на Фејсбук Санела Шкријељ.

Костова на Фејсбук го искажа својот став за свадбените веселби односно тоталната непотребност од свадбената индустрија, која чини многу пари, а корона вирусот покажа колку се може и без нив.

Нападите врз Костова започнаа со реобјавување на нејзиниот статус од страна Видан Лазарев, кој се прослави со организацијата со која плашеше граѓани дека ќе се населувале мигранти овде. Повеќе од јасно е дека нападите врз Костова се оркестрирани од ВМРО-ДПМНЕ,а показател за тоа е постапката на Горан Мусев кој е член опозициската партија, кој во објавата означи музичари.

Новинарот Огнен Јанески исто така на својот ФБ профил застана во одбрана и даде поддршка на Костова.

“Кристина Костова веќе неколку дена е жртва на екстремен говор на омраза, кој во најголема мера вклучува женомразачки и хомофобични коментари, но оди и до таму, што има и закани за силувањe, како и по живот. А тоа е сè поради искажан став за (не)одржување свадби во време на пандемија.
Периодот кој го преживуваме е тежок за сите, но не смее да биде изговор за брутално да се напаѓа, навредува и заканува. Говорот на омраза често води кон дела од омраза и токму затоа најостро ги осудувам сите оние кои на кој било начин вознемируваат онлајн. Ѝ давам безрезервна поддршка на Кристина и на сите жени кои изминатиот период трпат родово-базиран говор на омраза на социјалните мрежи.” напиша Јанески.